Нема обиди за усвојување на релевантните уставни измени, наведени во Заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, стои во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон членство во Европската Унија, што денеска во Брисел го презентира еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Во извештајот се нотира дека Македонија се обврзала да ги започне и постигне овие промени, со цел да ги вклучи во Уставот граѓаните кои живеат во рамките на државните граници и кои се дел од други народи, како што се Бугарите.
Извештајот нагласува дека Договорот за добрососедство и Протоколот со Бугарија остануваат од суштинско значење, а потребни се дијалог и меѓусебно почитување. Нема ниту опипливи резултати од работата на мешовитата историската комисија и покрај четирите состаноци во рок од една година.
Брисел укажува и дека членови на Владата и високи функционери повремено го игнорираат Преспанскиот договор и не го користат уставното име на државата, што, според извештајот, претставува ризик за добрососедските односи со Грција. Особена загриженост предизвикува тоа што нема напредок во борбата против корупцијата во Македонија.
