Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без поголеми пречки и по претежно суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Според информациите, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде што постои опасност од појава на одрони.
Како покритични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде што е потребна дополнителна внимателност при возењето.
