Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Храна и Пијалоци»Рецепт што ќе ве воодушеви: Лазања без кори, со тортиљи
    Храна и Пијалоци

    Рецепт што ќе ве воодушеви: Лазања без кори, со тортиљи

    20/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    За љубителите на лазањи кои немаат време за долга подготовка, оваа поедноставена верзија со тортиљи нуди одлична алтернатива без компромис во вкусот.

    Рецептот ги содржи сите елементи на класичната лазања – богат сос со месо, кремаст бешамел и запечен кашкавал – но е подготвен многу побрзо и полесно. Наместо традиционалните кори, се користат тортиљи кои при печењето ги впиваат соковите, омекнуваат и создаваат пријатна текстура со секој залак.

    Завршниот слој од растопен кашкавал формира лесно крцкава кора што му дава посебен шмек на јадењето. Овој рецепт е идеален избор за брз семеен ручек или вечера, кога сакате заситувачки оброк подготвен за помалку од еден час.

    По желба, наместо мешано месо може да се користи само говедско или пилешко, во зависност од вкусот.

    Подготовката започнува со пржење на ситно сечкан кромид и рендан морков на малку масло, додека омекнат. Се додава меленото месо и се готви додека не ја смени бојата, по што се става доматното пире и зачини по вкус. Сосот се остава да крчка неколку минути за да се згусне.

    Паралелно се подготвува бешамелот, така што се растопува путер, се додава брашно и кратко се запржува, а потоа постепено се додава млеко со постојано мешање додека не се добие мазна и густа смеса.

    Во сад за печење се редат слоеви: тортиљи, сос од месо и бешамел, сè додека не се потрошат состојките, при што завршниот слој е бешамел. Садот се покрива со фолија и се пече околу 15 минути во загреана рерна.

    Потоа се отстранува фолијата, се додава рендан пармезан и се враќа во рерна уште неколку минути додека не се формира златна кора.

    Поврзани вести:

    Како се хранат луѓето кои живеат над 100 години?

    Како се хранат луѓето кои живеат над 100 години?

    Почна сезоната на калинките: Еве зошто ова овошје не треба да го прескокнувате

    Почна сезоната на калинките: Еве зошто ова овошје не треба да го прескокнувате

    Не ги мијте печените пиперки за ајвар: Оваа грешка може да го уништи препознатливиот вкус

    Не ги мијте печените пиперки за ајвар: Оваа грешка може да го уништи препознатливиот вкус

    Тајната за густа и кремаста чорба без брашно се крие во една состојка што сите ја имаме дома

    Тајната за густа и кремаста чорба без брашно се крие во една состојка што сите ја имаме дома

    Девет намирници што природно придонесуваат за здрави и цврсти коски

    Девет намирници што природно придонесуваат за здрави и цврсти коски

    Водата може да помогне во контролата на притисокот, но важно е да не се претерува

    Водата може да помогне во контролата на притисокот, но важно е да не се претерува

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Како се хранат луѓето кои живеат над 100 години?

    28/10/2026

    Почна сезоната на калинките: Еве зошто ова овошје не треба да го прескокнувате

    23/10/2026

    Не ги мијте печените пиперки за ајвар: Оваа грешка може да го уништи препознатливиот вкус

    11/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.