Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Премиерот од ОН: Македонија не се откажува од ЕУ, но бара процес заснован на заслуги
    Република

    Премиерот од ОН: Македонија не се откажува од ЕУ, но бара процес заснован на заслуги

    25/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонија останува цврсто определена за членство во Европската Унија, но очекува евроинтегративниот процес да се темели на јасни правила, заслуги и мерливи критериуми, порача премиерот во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации.

    Тој истакна дека европската интеграција и натаму претставува стратешка цел на државата, нагласувајќи дека земјата нема да се откаже од европската идеја, и покрај предизвиците со кои се соочува на тој пат.

    „Нема да се откажеме од европската идеја затоа што европскиот пат беше тежок. Европската Унија за нас останува нашиот природен политички, економски и институционален дом“, порача премиерот.

    Во говорот нагласи дека реформите во државата не смеат да зависат од текот на преговорите со Брисел, туку се обврска што Македонија ја има кон сопствените граѓани.

    Според него, неопходно е да се зајакне владеењето на правото, да се изградат поефикасни институции, поконкурентна економија и да се врати довербата на граѓаните во државата.

    „Тоа е наша одговорност и нема да ја префрлиме на Брисел“, истакна премиерот.

    Тој испрати и порака до Европската Унија, нагласувајќи дека очекува пристапниот процес да остане заснован на однапред утврдени критериуми, без дополнителни билатерални условувања.

    „Не бараме полесен пат. Бараме пат уреден со правила. Не бараме пониски стандарди. Бараме стандардите да останат стандарди“, рече премиерот.

    Во завршницата оцени дека кредибилитетот на Европската Унија ќе зависи од нејзината способност дадените ветувања да ги претвори во конкретни политички резултати, истовремено останувајќи доследна на вредностите што ги застапува.

    Поврзани вести:

    Француска сенатска делегација во дводневна посета на Македонија, во фокусот европските интеграции и билатералната соработка

    Француска сенатска делегација во дводневна посета на Македонија, во фокусот европските интеграции и билатералната соработка

    Јанев: Службените кучиња годинава биле ангажирани во над 250 случаи за откривање експлозиви

    Јанев: Службените кучиња годинава биле ангажирани во над 250 случаи за откривање експлозиви

    „Безбеден град“ од 12 октомври ќе стартува и во Охридскиот регион

    „Безбеден град“ од 12 октомври ќе стартува и во Охридскиот регион

    АХВ со 560 контроли: Казни од речиси 20.000 евра, уништени над 200 килограми сладолед и мраз

    АХВ со 560 контроли: Казни од речиси 20.000 евра, уништени над 200 килограми сладолед и мраз

    Сиљановска-Давкова и амбасадорот на ОАЕ разговараа за инвестиции, туризам и нови можности за соработка

    Сиљановска-Давкова и амбасадорот на ОАЕ разговараа за инвестиции, туризам и нови можности за соработка

    Шест лица под обвинение за оштетување на културно наследство во Струга, меѓу нив и поранешен градоначалник

    Шест лица под обвинение за оштетување на културно наследство во Струга, меѓу нив и поранешен градоначалник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    еу Мицкоски ОН премиер сад христијан мицкоски
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Француска сенатска делегација во дводневна посета на Македонија, во фокусот европските интеграции и билатералната соработка

    25/09/2026

    Јанев: Службените кучиња годинава биле ангажирани во над 250 случаи за откривање експлозиви

    25/09/2026

    „Безбеден град“ од 12 октомври ќе стартува и во Охридскиот регион

    25/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.