Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Повеќе од 50.000 жени годишно се убиени од партнер или член на семејството, предупредија учесниците на конференција во Скопје
    Свет

    Повеќе од 50.000 жени годишно се убиени од партнер или член на семејството, предупредија учесниците на конференција во Скопје

    28/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Повеќе од 50.000 жени и девојчиња секоја година го губат животот како последица на насилство извршено од интимен партнер или друг член на семејството, беше истакнато на регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа, која денеска започна во Собранието.

    Учесниците на конференцијата порачаа дека фемицидот не смее да се смета за изолиран или приватен семеен проблем, туку за најтешка последица на долгогодишно родово базирано насилство кое честопати останува незабележано или без навремена институционална реакција.

    Според презентираните податоци, во текот на 2024 година во светот биле убиени околу 83.000 жени и девојчиња, а речиси 50.000 од нив биле жртви на интимен партнер или член на семејството. Тоа значи дека во просек секој ден животот го губат 137 жени и девојчиња во вакви околности.

    Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, оцени дека земјите од регионот бележат напредок во унапредувањето на законската рамка, но предупреди дека и натаму постојат предизвици поврзани со различните дефиниции на фемицидот, недоволно усогласените податоци и нееднаквата примена на законите.

    Таа нагласи дека ефикасната превенција зависи од навременото препознавање на ризиците и координираната реакција на сите надлежни институции.

    На конференцијата беше истакнато и дека Македонија во последните години направила чекори кон зајакнување на системот за заштита од родово базирано насилство, меѓу кои и измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година.

    Поврзани вести:

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    САД без летови, Малин уверува: Ова не е нов 11 септември

    САД без летови, Малин уверува: Ова не е нов 11 септември

    Воздушниот сообраќај во САД запрен: Национално приземјување на сите летови

    Воздушниот сообраќај во САД запрен: Национално приземјување на сите летови

    Обилни дождови ја погодија Словенија: Поплавени куќи, патишта и пречистителна станица

    Обилни дождови ја погодија Словенија: Поплавени куќи, патишта и пречистителна станица

    Осум загинати по уривање на зграда во Њујорк, градот отвори голема истрага

    Осум загинати по уривање на зграда во Њујорк, градот отвори голема истрага

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    14/11/2026

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    14/11/2026

    САД без летови, Малин уверува: Ова не е нов 11 септември

    13/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.