Населението во Македонија старее. Самото тоа укажува дека се потребни повеќе Домови за згрижување на стари лица. Проблемот во Скопје е поизразен.
Речиси сите градоначалници на неодамна завршените локални избори ветуваа изградба на нов или за реконструкција на постојни старски домови. Време е да почнат да го реализираат ветеното. Нашите највозрасни сограѓани, кои ја изградиле државата, заслужуваат да имаат поспокојна старост.
Истовремено, државата треба да овозможи услови и субвенции за да ги охрабри приватните инвеститори да градат вакви Домови, но и да постави
строги критериуми и контроли. За да не се случува, како примерот од пред неколку месеци кога во неколку старски домови во Скопје беше откриено
дека сместените во згрижувачките институции биле малтретирани.
„Им давале храна со поминат рок, спиеле по две во ист кревет, ги врзувале и тепале, не им пружале медицинска помош…” беа само некои од
откриените малтерирања од страна на полицијата, која ги уапси одговорните лица во овие домови.
