Општина Бутел започна со реконструкцијата на улиците Бутелска и Радишанска во должина од 2,2 километри, а проектот предвидува нов асфалтен коловоз и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот.
-Реализираме инфраструктурни проекти кои не го менуваат само изгледот на улиците, туку го менуваат квалитетот на животот на граѓаните, објави градоначалникот Дарко Костовски кој заедно со скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
