Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври изнесува 70.358 денари, што претставува износ потребен за покривање на основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство.
Во пресметката влегуваат трошоците за храна и пијалаци, домување, транспорт, облека и обувки, хигиена, здравје, образование и други основни потреби.
Растот на трошоците за живот продолжува да влијае врз семејните буџети, а синдикатите и понатаму укажуваат дека потребно е зголемување на приходите за граѓаните полесно да ги покриваат секојдневните расходи.
Податоците за синдикалната минимална кошница се користат како показател за реалните трошоци со кои се соочуваат домаќинствата и се еден од главните аргументи во разговорите за висината на платите и животниот стандард.
