Додека граѓаните протестираат поради загадениот воздух и бараат независен мониторинг и одговорност, раководството на Стопанската комора предводено од Бранко Азески оствари посета на „ТИТАН Усје“. Во информациите по средбата со главниот извршен директор на цементарата, Константинос Николау, не е прецизирано дали биле разгледани конкретни еколошки мерки, рокови или обврски поврзани со заштитата на животната средина.
Средбата се одвива во чувствителен момент, кога цементарата е под зголемено јавно внимание поради сомнежите за нејзино влијание врз аерозагадувањето во Скопје.
Во услови кога граѓаните бараат одговори, а институциите молчат, ваквите средби отвораат повеќе прашања отколку што даваат одговори: дали економските интереси повторно се ставаат пред јавното здравје и кој, всушност го штити правото на чист воздух?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
