Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Поднесено обвинение за ексдиректорот на затворот „Скопје“ и седум полицајци поради давање привилегии на осуденици
    Некатегоризирано

    Поднесено обвинение за ексдиректорот на затворот „Скопје“ и седум полицајци поради давање привилегии на осуденици

    08/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на затворот „Скопје“ и уште седум полициски службеници од оваа казнено-поправна установа. Тие се осомничени дека во првата половина од минатата година им овозможувале погодности на осуденици кои немале право на тоа според судските одлуки.

    Иако во соопштението од Обвинителството не е наведен идентитетот на поранешниот директор, ниту на другите седум обвинети затворски полицајци, извесно е дека станува збор за ексдиректорот на установата Филип Андонов против кого ОЈО ГООК во февруари годинава отвори истрага.

    Според обвинението што го поднел јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поранешниот директор и двајца полициски службеници се товарат дека сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а еден од полицајците ќе одговара и за несовесно работење во службата.

    За кривичното дело несовесно работење во службата обвинети се и другите петмина полициски службеници.

    Од Обвинителството велат дека ексдиректорот и другите обвинети лани во периодот од март до јули со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, односно на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале.

    „Тие дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода надвор од установа“, се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.

    Постапката за случајот беше отворена на крајот на февруари годинава со претреси на повеќе локации што во координација од ОЈО ГОКК ги извршија екипи на Министерството за внатрешни работи.

    Во акцијата тогаш беа приведени поранешниот директор на затворот „Скопје“ и уште 10 затворски полицајци под истите сомневања наведени во обвинението. На предлог на Обвинителството на тогаш осомничените Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки за претпазливост.

    Поврзани вести:

    Силно невреме го зафати регионот: Ветрови до 110 км/ч, делови останаа без струја

    Силно невреме го зафати регионот: Ветрови до 110 км/ч, делови останаа без струја

    Кога страста завршува во болница: Најнеобичните случаи што го обиколија светот

    Кога страста завршува во болница: Најнеобичните случаи што го обиколија светот

    Пет танкери и реморкер горат во Ормуцкиот Теснец, тврди Иран

    Пет танкери и реморкер горат во Ормуцкиот Теснец, тврди Иран

    Ревизија во железницата: Загуби, високи провизии и камати, стара инфраструктура и потреба од реформи

    Ревизија во железницата: Загуби, високи провизии и камати, стара инфраструктура и потреба од реформи

    Апелација го ослободи Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“

    Апелација го ослободи Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“

    Луис де ла Фуенте ја освои наградата за најдобар тренер во машки фудбал за 2026 година

    Луис де ла Фуенте ја освои наградата за најдобар тренер во машки фудбал за 2026 година

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    затвор Шутка
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Гостиварец заработи кривична пријава: Осомничен дека му се заканувал на новинар додека работел

    20/11/2026

    Сопственик на локал во Гостиварско пријавен: Ги спречувал полицајците и им помогнал на танчерките да избегаат

    20/11/2026

    Силно невреме го зафати регионот: Ветрови до 110 км/ч, делови останаа без струја

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.