Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји
    Култура

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    18/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од денеска до 26 септември Скопје ќе биде домаќин на седмото издание на Скопскиот градски фестивал, кој годинава ќе биде во знакот на музичката и културната соработка меѓу Македонија и земјите од регионот.

    Фестивалската програма обединува уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, кои преку концерти ќе ги поврзат џезот, класичната музика, современото авторско творештво и богатото балканско музичко наследство. Дел од проектите се создадени специјално за ова издание и ќе бидат изведени премиерно пред фестивалската публика.

    Организаторите од „Баги Комуникации“ велат дека целта е фестивалот да биде место каде што музичарите не само што настапуваат, туку и создаваат заеднички дела, поврзувајќи различни генерации, традиции и музички правци.

    Меѓу најавените настапи е концертот на словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски, кој ќе настапи заедно со ансамблот Profundus. Публиката ќе има можност да слушне авторски композиции, како и дела инспирирани од балканската музичка традиција.

    Посебно место во програмата има проектот што ги обединува македонскиот контрабасист Мартин Ѓаконовски, албанскиот пијанист и композитор Gent Rushi и грчкиот хармоникаш Thanos Stavridis. Тројцата музичари специјално подготвија заедничко музичко дело, кое премиерно ќе биде изведено токму на фестивалот.

    Љубителите на класичната музика ќе можат да го проследат и проектот „Балкански композитори“ на пијанистката Милјана Николиќ, посветен на современото творештво од регионот. Во истата фестивалска вечер ќе настапи и македонскиот гитарист и мултиинструменталист Мухамед Ибрахими, познат по спојувањето на ориенталните влијанија со современиот акустичен звук.

    Концертна промоција на албумот „Beyond The Silence“ ќе одржат македонскиот виолончелист Антонио Илиоски и бугарската пијанистка Јана Василева Лолова, кои преку својата соработка градат мост меѓу двете музички сцени.

    На 20 септември, на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк, ќе настапи и младата скопска група „Фрекфенција“, составена од ученици од основно училиште, со што фестивалот испраќа порака за поддршка на младите музички таленти.

    Концертите ќе се одржуваат во камерната сала на Македонската филхармонија.

    Основан во 2021 година, Скопскиот градски фестивал досега прерасна во препознатлива културна манифестација, која низ изминатите шест изданија обедини повеќе од 100 уметници од Македонија и регионот и иницираше бројни нови музички проекти и соработки.

    Поврзани вести:

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    музика скопје фестивал
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    15/10/2026

    Скопје домаќин на четвртиот Меѓународен конгрес на студентите по медицина и биомедицински науки

    15/10/2026

    ЕВН најави прекини на електричната енергија во повеќе скопски населби

    13/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.