Жителите на делови од општините Гази Баба и Илинден денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани интервенции и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од „ЕВН Македонија“.
Во општина Гази Баба, поради работа во трансформаторската станица „Синѓелиќ 2“, од 8:00 до 14:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Палмиро Тољати“ во населбата Синѓелиќ.
Дополнително, поради реконструкција на нисконапонската мрежа, прекини во снабдувањето ќе има и на улицата „Среќко Пужалка“. Од 8:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат објектите со броеви од 50 до 60, додека од 12:00 до 14:00 часот прекин е најавен за корисниците од број 30 до број 35а.
Во општина Илинден, поради реконструкција на мрежата, од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе останат жителите на улиците „2“, „3“ и „406“ во населбата Јака/Марино.
Од 9:30 до 13:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и за корисниците на улиците „510“ и „526“ во селото Марино.
Од РЦУК – Скопје информираат дека, според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, за денеска нема најавени планирани прекини во водоснабдувањето.
