Откако вчера по три дена расправа, собраниската Комисија за финансирање и буџет, го заврши општиот претрес по Предлог-буџетот за 2026 година, од денеска почнува расправата по амандманите. Поднесени се над 200 предлози за дополнувања на буџетот.
Пратениците од владејачкото мнозинство велат дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите. За пратениците пак, од позицијата ова е потрошувачки буџет за купување социјален мир бидејќи 91 проценти од расходите се за трошоци што не генерираат раст.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
