Почина 13-годишното момче кое на 31 август беше тешко повредено во тепачка во скопската населба Чаир, откако беше избодено со нож.
Инцидентот се случи околу 22 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“, каде избувнала физичка пресметка меѓу две групи. Во тепачката учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице.
Според тогашните информации од Министерството за внатрешни работи, во пресметката биле употребени ножеви, а полициските службеници по настанот одзеле три ножа, гумена палка и други предмети.
Во инцидентот биле повредени повеќе лица, а 13-годишното момче се здобило со тешки телесни повреди. Тоа веднаш било пренесено во болница, каде лекарските тимови со недели се бореле за неговиот живот.
И покрај напорите на лекарите, детето им подлегнало на повредите.
