СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишен жител на селото Стримница, Општина Желино, поради сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 24 јули годинава на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.
Пријавениот управувал патничко возило „мерцедес“ и, иако полициски службеник му дал наредба да запре, тој не постапил по неа. Наместо да го запре возилото, продолжил со движење и со автомобилот го удрил полицаецот, кој во тој момент извршувал службени дејствија.
По целосното документирање на случајот, СВР Тетово против осомничениот поднесе соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
