Пак има наводи за можен рекет врз бизнисмени од страна на поранешното СЈО. И пак се отвора прашањето – уште колку вакви случаи има и колку од нив останале премолчени или наскоро ќе се откриваат за работењето на криво насаденото специјално обвинителство.
Вчера излегоа информации дека гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, осомничен за случајот со Поштенска банка поднел кривична пријава против поранешни обвинители од СЈО со наводи дека му биле барани милион евра за да запре постапка против него. За тоа, како што наведува Главчев, поседува и аудио-докази, што ги предал на истражните органи. Според пријавата, барањето било пренесено преку посредници, со јасно поставени услови и рокови за исплата.
Овој случај потсетува на аферата „Рекет”, кога во торба на Бојан Јовановски – Боки 13, беа исплатени 1 милион евра од Орце Камчев, снимени со камера. Тогаш јавноста виде како изгледа рекет во пракса, но денес се поставува прашањето дали тоа бил изолиран случај или дел од поширок модел.
Колку бизнисмени биле под притисок да платат за „помош” на екипата на Катица Јанева во постапките против нив?
Оттука, во јавноста се наметнува и друго прашање: дали треба да се формира ново Специјално обвинителство кои ќе го истражи работењето на поранешното СЈО?
Но за едно нема дилема – работењето на СЈО треба темелно да се протресе, независно дали од специјални или редовни обвинители.
