Денеска ќе биде избран новиот раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), откако јавните обвинители ќе гласаат меѓу петмина кандидати.
За функцијата конкурираат Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.
Гласањето ќе се одвива од 08:00 до 16:00 часот, а по затворањето на гласачките места резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.
Кандидатите во своите програми како приоритети ги истакнуваат јакнењето на истражните капацитети, поефикасната борба против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги, подобрувањето на ефикасноста во постапувањето и зајакнувањето на независноста на Обвинителството.
Новиот шеф на ОЈО ГОКК ќе го наследи Ислам Абази, кој на оваа функција беше избран во октомври 2022 година.
