Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Владата формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите
    Република

    Владата формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

    27/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата донесе одлука за формирање Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, чија цел е унапредување на сигурноста на медиумските работници, спречување на закани и создавање услови за слободно и професионално извршување на новинарската работа.

    Новиот комитет ќе има задача да ја следи состојбата со безбедноста на новинарите, да ја подобрува соработката меѓу институциите и медиумската заедница, како и да подготви Национален акциски план за заштита и безбедност на новинарите.

    Портпаролката на Владата, Марија Митева, информираше дека акцискиот план треба да биде изработен најдоцна до 15 декември 2026 година, во согласност со европските стандарди и меѓународните препораки.

    Планот ќе биде насочен кон четири главни области – превенција, заштита, ефикасно гонење на сторителите и едукација. Предвидени се механизми за брза реакција, полициска и правна поддршка, заштита од закани во дигиталниот простор и поефикасни истраги при напади врз новинари.

    Во работата на Комитетот ќе бидат вклучени претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за дигитална трансформација, АВМУ, Академијата за судии и јавни обвинители, Македонската радио-телевизија и Здружението на новинарите на Македонија.

    Комитетот ќе придонесе и кон националната примена на кампањата на Советот на Европа „Новинарите се важни“, со цел дополнително зајакнување на позицијата и безбедноста на новинарите.

    Митева порача дека професионалниот дијалог меѓу институциите и медиумите е неопходен за демократското општество.

    „Вие имате право да прашувате, ние имаме обврска да одговараме. Вие имате право да ја преиспитувате работата на институциите, ние имаме обврска да ја образложиме“, истакна Митева.

    Поврзани вести:

    Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

    Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

    Народен правобранител: Затворите се пренатрупани, има недостиг од медицински персонал и грижа за затворениците

    Народен правобранител: Затворите се пренатрупани, има недостиг од медицински персонал и грижа за затворениците

    МФ: Измени во Законот за јавни набавки – покрај цената на тендерите ќе се бара и квалитет

    МФ: Измени во Законот за јавни набавки – покрај цената на тендерите ќе се бара и квалитет

    Поднесени обвиненија за поткуп против даночници од УЈП поврзани со „Пулс“

    Поднесени обвиненија за поткуп против даночници од УЈП поврзани со „Пулс“

    Историски медицински успех: Прва трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром

    Историски медицински успех: Прва трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром

    УХМР најавува дожд во северните делови и снег на повисоките планини

    УХМР најавува дожд во северните делови и снег на повисоките планини

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

    27/10/2026

    Народен правобранител: Затворите се пренатрупани, има недостиг од медицински персонал и грижа за затворениците

    27/10/2026

    МФ: Измени во Законот за јавни набавки – покрај цената на тендерите ќе се бара и квалитет

    27/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.