Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат од -2 до 10 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 8 до 18 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува во одделни делови од котлината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
