Три лица се уапсени од страна на Министерството за внатрешни работи во врска со двете убиства што во изминатите денови се случија во скопската општина Ѓорче Петров, неофицијално дознаваат медиумите.
Вчера во Ѓорче Петров беше пронајдено безживотното тело на 76-годишна жена. Телото, на кое имало видливи траги од насилство, го пронашла нејзината ќерка, која веднаш го пријавила случајот во полиција.
Според изјави на соседи, жената последните три години живеела сама, а последен пат била забележана пред два дена. Тие велат дека во текот на ноќта не слушнале и не забележале ништо невообичаено.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
