Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»„Патека на пеперутките“ – со порака за здравје и подигнување на свесноста одбележани 35 години Варус
    Култура

    „Патека на пеперутките“ – со порака за здравје и подигнување на свесноста одбележани 35 години Варус

    24/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Патека на пеперутките“ – со порака за здравје и подигнување на свесноста одбележани 35 години Варус.

    Во недела, 22 јуни 2025 година, во Градскиот парк – Скопје се одржа настан насловен „Патека на пеперутките“ каде на кретивен начин беше испратена моќна порака за подигнување на свесноста за нарушувањата кои се поврзани со тироидната жлезда.

    Настанот, ги собра на едно место граѓаните, здравствените работници, семејствата, соработниците и истиот имаше двојна цел – да се одбележи 35-годишнината од Варус и да се нагласи важноста за препознавање на симптомите поврзани со нарушувањата на тироидната жлезда, состојба која често останува недијагностицирана, но со сериозни импликации врз целокупната благосостојба.

    Самиот наслов на споменатото случување е креативно и симболично осмислен и именуван по обликот на тироидната жлезда, која честопати е споредувана со пеперутка.

    Дел од патеката во градскиот парк на главниот град, беше трансформирана во уметничко едукативен приказ, каде посетителите имаа можност да следат патека украсена со шарени инсталации на пеперутки, секоја со симптом или факт поврзан со здравјето на тироидната жлезда.

    По патот, тие наидоа на:

    -Интерактивен штанд кој нудеше медицински совети од специјалисти и семејни лекари

    -Фото зона со голема метална инсталација на пеперутки

    -QR код за онлајн проверка на симптоми

    -Едукативни игри и забавни активности за сите возрасти

    -Лични форуми со одговори на прашања како „Здравјето за мене е…“ и „Лек за добро расположение е…“

    Атмосферата беше дополнително збогатена со изведба на музички перформанс, нудејќи им на посетителите не само знаење, туку и сензорно искуство кое го поврзува здравјето со емоциите и креативноста.

    Што се однесува до организаторот, Варус е компанија основана во 1990 година, која по 35 години прерасна од домашен дистрибутер, во регионален лидер кој работи во Македонија, Албанија и Косово, со портфолио кое опфаќа лекови, хемикалии, лабораториска опрема и медицински помагала. Компанијата е водена од длабоко вкоренета посветеност на квалитет, иновации и општествен придонес.

    Како дел од својата стратегија за корпоративна општествена одговорност, Варус продолжува да поддржува иницијативи кои ја едуцираат и ја оспособуваат јавноста, особено во областите на превентивно здравје, а една од нив е токму оваа која се одржа викендот зад нас (на 22 јуни во Скопје).

    „Проверете ја вашата тироидна жлезда – за себе, за вашите најблиски“ и „35 години Варус – посветеност на здравјето“ беа двете централни пораки што одекнуваа низ целиот настан.

    „Патека на пеперутките“ претставува прекрасен потсетник дека свесноста за здравјето, заедницата и корпоративната одговорност можат да се здружат за да направат вистинска разлика.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.