Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Откриена кражба на нафта во ЈСП, вмешаните вработени ќе бидат отстранети од работа
    Скопје

    Откриена кражба на нафта во ЈСП, вмешаните вработени ќе бидат отстранети од работа

    26/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Внатрешната контрола на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје вечерва открила кражба на гориво од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, во која, според информациите што ги објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, биле вмешани вработени во ЈСП.

    Веднаш по откривањето на случајот била повикана полицијата, а градоначалникот најави дека инволвираните вработени ќе бидат отстранети од своите работни места.

    Ѓорѓиевски очекува надлежните институции да постапат по случајот и да биде утврдена одговорноста на сите лица вмешани во кражбата.

    „Очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот“, порача Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот нагласи дека станува збор за злоупотреба на јавни ресурси, односно на средства обезбедени од граѓаните и наменети за непречено функционирање на јавниот градски превоз.

    „Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, истакна градоначалникот.

    Тој порача дека нема да има толеранција за злоупотреба на јавните средства, без оглед на тоа кој е вмешан во ваквите случаи.

    „Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран. Без исклучок!“, напиша Ѓорѓиевски.

    Засега не е соопштено колку вработени се осомничени за вмешаност во кражбата, ниту за колкаво количество гориво станува збор.

    Дополнителни информации за случајот се очекуваат од надлежните институции.

    Поврзани вести:

    Ѓорѓиевски: Нови покриви, современи училници и подобри услови за скопските средношколци

    Ѓорѓиевски: Нови покриви, современи училници и подобри услови за скопските средношколци

    Општина Ѓорче Петров со парични награди за вработените во училиштата и детската градинка

    Општина Ѓорче Петров со парични награди за вработените во училиштата и детската градинка

    Дел од скопјани од 9 часот ќе останат без вода

    Дел од скопјани од 9 часот ќе останат без вода

    Ѓорѓиевски: Скопјани конечно ќе ја добијат клучната сообраќајна врска кај Момин Поток

    Ѓорѓиевски: Скопјани конечно ќе ја добијат клучната сообраќајна врска кај Момин Поток

    Делови од три скопски општини ќе останат без електрична енергија

    Делови од три скопски општини ќе останат без електрична енергија

    Општина Карпош организираше панел-дискусија за спречување на семејното и родово базираното насилство

    Општина Карпош организираше панел-дискусија за спречување на семејното и родово базираното насилство

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ѓорѓиевски: Нови покриви, современи училници и подобри услови за скопските средношколци

    26/11/2026

    Општина Ѓорче Петров со парични награди за вработените во училиштата и детската градинка

    26/11/2026

    Дел од скопјани од 9 часот ќе останат без вода

    25/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.