Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»(Видео) Орце Ѓорѓиевски за Скопје, одлучи ВМРО-ДПМНЕ
    Политика

    (Видео) Орце Ѓорѓиевски за Скопје, одлучи ВМРО-ДПМНЕ

    06/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што ќе се одржат во октомври.

    Одлуката ја соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, по денешната седница на Извршниот комитет што се одржа во седиштето на партијата во Скопје, истакнувајќи дека се темели на анкетите кои покажуваат дека Ѓорѓиевски води убедливо дури и петпати повеќе во однос на решенијата што се споменуваат од СДСМ, а како градоначалник покажал резултати.

    Утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски, од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник  Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.

    -Настапуваме со понуда за чесни и некомромитирани вредни кадри за општините и ќе излеземе со јасна визија и програма за развој на секоја општина, рече Мицкоски.

    Претходно беа објавени кандидатурите за 33 општини кои владејачката партија ги утврди на седници на Извршниот комитет во мај и во јуни – за Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Штип, Гевгелија, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево, Свети Николе, Карбинци, Градско, Зелениково, Илинден, Конче, Делчево, Ново Село, Василево, Босилово, Берово, Петровец, Вевчани, Брвеница, Јегуновце, Македонски Брод, Могила, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман, Новаци и Дебарца.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вмро дпмне орце скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    19/11/2026

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    19/11/2026

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.