Општина Кисела Вода отвори шелтер-центар за жртви на семејно насилство, информираше денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Центарот е наменет за привремено згрижување на лица во ризик. Во него ќе се обезбедуваат безбедни услови за престој, како и психолошка и социјална помош.
Проектот има за цел да им помогне на жртвите да излезат од насилната средина и да започнат нов почеток. Надлежните посочуваат дека ваквите услуги се клучни за заштита на ранливите категории.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
