Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Општина Карпош: Санација на уличното осветление
    Скопје

    Општина Карпош: Санација на уличното осветление

    19/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во рамки на тековните активности поврзани со уличното осветлување и јавната хигиена, општински служби минатиот викенд работеа со зголемен интензитет. Во таа насока, стручните лица пристапија кон решавање на поголемиот број проблеми кои беа детектирани на теренот, соопштија од општина Карпош.

    „Екипите беа особено активни во реонот на населбата Карпош 4, каде деновиве беше целосно санирано осветлувањето околу кулите на ул. Никола Парапунов во близина на мостот Обединети нации. Успешно беше отстранет дефектот со осветлувањето на првиот дел од ул. Волгоградска, а се интервенираше и на улиците Соле Стојчев и Желево. На таа локација, стручните служби ги санираа дефектите и во третиот дел на ул. Волгоградска, а во исправна состојба се доведени и светилките на улиците Невеска и Воденска.

    Темелно се работеше и во населбата Карпош 2, каде беа санирани дефектите на електричната мрежа на осветлување, на улиците Шекспирова и Бранислав Нушиќ. Со истата динамика беа решени проблемите со јавното осветлување, на делови од улиците Руѓер Бошковиќ и Веселин Маслеша.

    Минатиот викенд службите од локалната самоуправа се фокусираа на подигнување на нивото на јавната чистота. На иницијатива на жителите од населбата Жданец, беше спроведена заедничка еко-акција за расчистување на сметот и одржување на здравата животна околина. Во меѓувреме општинските служби задолжени за одржување на хигиената, исчистија поголем дел од пешачките патеки низ Карпош“, информираше градоначалникот Сотир Лукровски.

    Поврзани вести:

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    27/10/2026

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    27/10/2026

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.