Општина Бутел објавува повик за доделување на финансиска помош за најранливата категорија на пензионери од нивната општина.
-Објавуваме Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Право на финансиска поддршка ќе остварат: граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел; приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 22.547 денари.
Костовски посочи дека исплатата ќе биде на принцип “прв дојден – прв услужен”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







