Жителите на Долно Лисиче во општина Аеродром во моментов се соочуваат со проблем со уличното осветлување поради дефект на системот.
Од Општина Аеродром информираа дека екипи на ЕВН се на терен и активно работат на отстранување на дефектот, со цел осветлувањето што поскоро повторно да биде ставено во функција.
Според најавите, се очекува проблемот да биде целосно надминат и уличното осветлување во Долно Лисиче повторно да функционира од понеделник.
Од Општината посочуваат дека се преземаат сите неопходни активности за што побрзо решавање на дефектот и нормализирање на состојбата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
