Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), на која се разговарало за спречување на корупцијата и зајакнување на интегритетот и отчетноста на локално ниво.
Ѓорѓиевски посочил дека довербата на граѓаните се гради преку одговорно работење и транспарентни постапки, a на средбата било разговарано и за поголема одговорност на службите и градоначалниците, како и за поактивно вклучување на невладиниот сектор во подготовката на финансиските планови и буџети.
– Град Скопје работи на развој на дигитални алатки како механизам за спречување на корупцијата и унапредување на транспарентноста во работата на администрацијата – напиша скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски на Фејсбук.
