Одложено е воведувањето на зонското паркирање во зона Д12 – Реонски Центар во Општина Аеродром, кое требаше да започне од 1 април 2026 година. Од ЈП „Градски паркинг“ информираат дека одлуката е донесена по насоки од Град Скопје и Општина Аеродром, како и по барање на граѓаните.
Стартот се одложува сè додека не се завршат сите неопходни подготовки, вклучително усогласување на сообраќајниот проект и поставување на сигнализација. Надлежните посочуваат дека целта е да се избегне прелевање на проблемот со паркирање меѓу зоните. Се очекува зонското паркирање во Д11 и Д12 да започне во текот на мај.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
