Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Колумни»Очекува ли фон дер Лајен Македонија пак да си даде автогол со топката што ја остави во нашиот двор?
    Колумни

    Очекува ли фон дер Лајен Македонија пак да си даде автогол со топката што ја остави во нашиот двор?

    16/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пишува: Никола Тасев

    Ете заврши долгонајуваната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Македонија. Се уште се слуша ехото од таа вчерашна нејзина средба со македонскиот државен врв. Во тој оддек има и некои работи што останаа недообјаснети за јавноста.

    Да, таа јасно побара смена на Уставот и јасно укажа дека топката е во македонскиот двор, сепак тоа не е нешто ново, напротив многупати сме го слушнале. Но заинтригира кратко напишаното од фон дер Лајен дека ЕУ е подготвена. И тука е нејаснотијата, а бидејќи избегна средба со новинари се скрати можноста таа да добие прашање – на што конкретно ЕУ е подготвена кога се работи за македонското евроинтегрирање?

    Флоскулата – „Целосно ја поддржуваме вашата земја на нејзиниот пат кон ЕУ” и сега ја добивме и многу пати сме ја слушнале низ годиниве. Сега беше добра прилика бриселската функционерка да каже нешто далеку поконкретно и попрецизно – што Македонија да очекува од Брисел за време на преговорите? Тоа објаснување го чекаат и го заслужуваат македонските граѓани, таа може да го даде утре, задутре… Впрочем, Брисел не навикна дека се нешто треба да чекаме. Те од таму да ни дадат датум за датумот, кога ќе ни кажат на кој датум ќе почнеме со нив преговори… те да ни дадат оценка до каде сме со реформите… те да ни дадат нов датум… те да ни дадат нови задачи… те овој еврокомесар што рекол… те оној или овој наш сосед каков услов ќе побара, те…

    Урсула вчера ни кажа дека топката е во нашиот двор. Да, ама овој наш двор одамна тие го полнат со топки, а никако конкретно да ни помогнат да направиме рамен терен за игра со Европската Унија. Затоа и останува и ова необјаснето, што тие очекуваат да правиме со топките? Дали да постигнеме гол, или пак да си пикнеме уште еден автогол? Претходните власти добиваа аплаузи од Брисел за давање автоголови. Ама, сега имаме ново државно раководство кое не прифаќа давање автоголови, туку рамноправен натпревар во кој топката за Македонија нема да биде коцкаста, а за некои европски држави округла и полна со магнет да се лепи само на нашиот гол. Така размислува и најголемиот дел од македонското население.

    Затоа, фон дер Лајен ни должи објаснување: Што очекува да правиме со топката и што конкретно ЕУ е подготвена кога се работи за македонското евроинтегрирање?

    Поврзани вести:

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    евроинтеграција колумна македонија никола тасев фон Дер Лајен
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    03/10/2026

    Германци и Турци меѓу најчестите гости во Македонија, расте интересот за земјава

    27/09/2026

    Денеска и утре дождливо, од недела повторно затоплување

    25/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.