До моментот на катастрофалниот пожар во Кочани Општина повеќе од една деценија немала вработено инспектор за заштита и спасување. Ова беше истакнато денеска на судското рочиште за пожар во дискотеката „Пулс”, каде сведочеше инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница.
Во дискотеката имало недостиг од основни противпожарни апарати.
Опишувајќи ја состојбата во опожарениот објект, инспекторот посочи на сериозни пропусти во безбедносните стандарди. Во клубот имало само два противпожарни апарати, што според него е недоволно за таков објект. Хидрантот бил празен, без вода, црево и млазници, а систем за дојава на пожар воопшто немало.
Дополнителен проблем бил и помошниот излез, кој бил заклучен од внатрешната страна и дополнително обезбеден со катанец.
Одговарајќи на прашање дали ваков објект воопшто требало да работи, инспекторот објасни дека инспекциските служби имаат овластување да забранат користење на објект доколку утврдат дека постои опасност по безбедноста.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
