Најмладите жители Бунарџик добија ново катче за игра, дружење и рекреација, комплетно уредено со современа урбана опрема по највисоки стандарди за детска безбедност и забава.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека освен за просторна урбанизација, ова игралиште е од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители.
„Детското игралиште е опремено со детски реквизити, а поставена е метална ограда која го обезбедува просторот и ја зголемува безбедноста при игра. Дополнително, поставени се и клупи, а со новите корпи за отпадоци се овозможува почиста средина, истакнаа од општина Илинден.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

