Имиња на нови 16 кандидати за градоначалници објави ВМРО-ДПМНЕ, по вечерашната седница на Извршниот комитет.
За први луѓе општините на претстојните локални избори ќе се борат: за Сопиште – Јане Мицески, за Кичево – Александар Јованоски, за Крива Паланка – Оливер Алексовски, за Маврово и Ростуше – Омер Јакупоски, за Кривогаштани – Сашо Ронковски, за Шуто Оризари – Ерџан Демир, за Крушево – Нико Чонески, за Валандово – Ѓоко Камчев, за Виница – Митко Костадиновски, за Демир Хисар – Никола Недоски, за Чешиново Облешево – Јордан Костадинов, за Радовиш – Љупчо Почиганец, за Чашка – Дејан Андоновски, за Прилеп – Дејан Проданоски, за Струмица – Петар Јанков, за Неготино – Благој Ацев.
Се уште не е соопштено името на кандидатот за Кисела Вода, а во Куманово и Центар, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите кои ќе бидат предложени од нивниот коалицискиот партнер ЗНАМ.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

