По големиот метеж и километарските колони на Табановце во средата, од вчера на граничниот премин се активирани осум посебни пунктови за наплата на сообраќајните казни на странските возачи.
Станува збор за прекршоци регистрирани преку системот „Сејф сити“, а возачите кои имаат неплатена казна не можат да ја напуштат државата додека не ја подмират.
Според информациите од терен, постапката за проверка и наплата трае околу 15 минути по возач, а во одвоената лента кон Србија имало и до 60 возила.
Казните на граничниот премин се плаќаат исклучиво со платежна картичка, а отворањето на дополнителните пунктови треба да го забрза протокот и да спречи повторување на повеќечасовните застои.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
