Царинските службеници заплениле 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол при контрола на тезги на зелениот пазар во Чаир. За акцизните производи е избегнато плаќање акциза во вкупен износ од 337.558 денари, соопшти Царинската управа.
При контролата на мобилните царински служби биле затекнати три лица кои продавале акцизни производи без акцизни маркички и без претходно платена акциза.
Против две лица се поднесени прекршочни пријави, а против едно лице кое продавало акцизни производи за кои е избегнато плаќање акциза од 257 илјади денари, ќе биде поднесена кривична пријава согласно Кривичниот законик, соопшти Царината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
