Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Мицкоски очекува добра соработка со новите власти во Србија, фокус на економијата
    Република

    Мицкоски очекува добра соработка со новите власти во Србија, фокус на економијата

    28/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски очекува Македонија и Србија да продолжат со добра соработка по формирањето на новата влада во соседната земја, со посебен акцент на економските односи.

    Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на мобилната апликација „м.Услуги“, Мицкоски рече дека веќе разговарал со носителот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, кому му ја честитал изборната победа.

    „Очекувам како добри соседи да работиме на подобрување на економијата, и во едната и во другата земја. Веќе се слушнав со носителот на листата, г. Срдановиќ, каде што ја честитав изборната победа“, изјави Мицкоски.

    Тој беше прашан и за реакциите од опозицијата по изборниот пораз на Александар Вучиќ и Српската напредна партија. Премиерот оцени дека во периодот што следи очекува политички напади од страна на СДСМ.

    „Јас им се извинувам на граѓаните што во периодот кој следи ќе бидат сведоци на една ваква кампања што изобилува со ад хоминем, со навреди и со многу ниски страсти што опозицијата ќе ги упатува кон мене. Од мене им е простено, а останатото останува на нив“, рече Мицкоски.

    Од СДСМ претходно изјавија дека по поразот на Александар Вучиќ на изборите во Србија ќе бидат отворени истраги кои, според нив, треба да ги откријат наводните криминални соработки меѓу српските власти и премиерот Мицкоски.

    Поврзани вести:

    Повторно приведена жена од Кратово по пријава за наплата на влезници кај „Камени кукли“

    Повторно приведена жена од Кратово по пријава за наплата на влезници кај „Камени кукли“

    Фертилитетот во Македонија опаѓа, но го следи европскиот тренд

    Фертилитетот во Македонија опаѓа, но го следи европскиот тренд

    Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје

    Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје

    Министерството за животна средина воведува пет дигитални платформи за поголема транспарентност

    Министерството за животна средина воведува пет дигитални платформи за поголема транспарентност

    Министерството за здравство: Секој пријавен ќе добие термин за вакцинација

    Министерството за здравство: Секој пријавен ќе добие термин за вакцинација

    На зелениот пазар во Чаир запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

    На зелениот пазар во Чаир запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Повторно приведена жена од Кратово по пријава за наплата на влезници кај „Камени кукли“

    28/10/2026

    Фертилитетот во Македонија опаѓа, но го следи европскиот тренд

    28/10/2026

    Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје

    28/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.