Стапката на фертилитет во Македонија изнесува 1,35 живородени деца по жена, што е речиси на исто ниво со просекот во Европската Унија, кој во 2024 година достигнал рекордно ниски 1,34 деца по жена, покажуваат податоците за демографските движења на Евростат.
Споредено по регионите во Македонија над националниот просек од 1,35 деца по жена се Скопскиот регион со стапка од 1,73, Североисточниот со 1,40 и Пелагонискиот со 1,36, а под националниот просек се Полошкиот и Југозападниот регион, потоа Вардарскиот, Југоисточниот и Источниот регион, каде стапката е најниска и изнесува 1,16 деца по жена.
Најниски стапки на фертилитет во ЕУ се забележани во Шпанија и Италија, а највисоки во 14 региони во Бугарија и Франција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
