„До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон.“ истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, на обраќањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан. Тој додаде и дека во Македонија ќе се создадат генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкуретни со своите врсници во Европа. Нашата цел е јасна, потенцира премиерот, а тоа е да станеме центар на дигитални трансформации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
