Територијата на Македонија во текот на целата наредна седмица ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок и на релативно топла воздушна маса од југ која ќе предизвика да имаме невообичаено повисоки температури од просекот за декември. Се очекува во текот на следната седмица температурите да се искачат дури до близу 20 степени.
Ниските утрински температури и повисоките дневни, како и релативно тивкото време без ветер по котлините ќе создадат услови за појава на магла, која во дел од котлините ќе биде густа и ќе се задржи во текот на целиот ден.
И во Скопје ќе биде магливо и прилично ладно наутро.
Првиот снег во градовите може да се очекува пред Нова Година.

