Општината Аеродром не реагира навреме за потенцијалните ризици во забавниот парк „Зимзоленд”, иако, како што наведуваат, биле утврдени неправилности и отворен е предмет во Јавното обвинителство за општа опасност. За ова обвини советничката група на „Левица”.
Советник од партијата вели дека просторот и понатаму работи без да бидат преземени конкретни мерки за отстранување на ризиците. Според него и покрај забелешките од неколку инспекциски служби и предупредувањата од Град Скопје, општината не донела одлука за привремено затворање на паркoт или за демонтажа на реквизитите за кои постојат сомнежи дека се небезбедни.
Од Левица прашуваат дали институциите ќе постапат пред да настане несакан настан или, како што велат, повторно ќе се реагира дури откако ќе има последици.
