При гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица ќе гласа против предлогот даден од власта. Од партијата велат дека се прави брутална партизација на оваа институција и тоа со нестручни кадри, олицетворено преку кандидатурата на Џихан Ахмед – кадар предложен од ВРЕДИ аминуван од ВМРО-ДПМНЕ.
„Станува збор за кандидат кој не ги исполнува законските услови за избор – нема минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, нема релевантно искуство, а на јавната расправа демонстрираше елементарно непознавање дури и на надлежностите на самата Комисија, истакнуваат од Левица.
Од партијата на Апасиев посочуваат дека владејачкото мнозинство свесно турка партиски активист како член на тело кое мора да биде стручно и кредибилно, бидејќи од неговите одлуки зависи статусот на најранливите категории граѓани
