Општина Бутел усвои буџет од 848 милиони денари за следната година. Градоначалникот Дарко Костовски изјави дека е усвоен развоен буџет, кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните и кој значи реализирање на барањата на граѓаните.
„За жал советниците од ДУИ, ВЛЕН и ЛЕВИЦА не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, нова поликлиника, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел“, каќа Костовски.
Тој дообјасни и дека 63% од буџетот се за капитални проекти и дека ќе се градата: нова поликлиника, доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен, детска градинка во населеното место Бутел 2, пливачки базен во ООУ “Ацо Шопов”, нови мостови на река Серава и ќе се реконструиаат многу улици.
За Костовски жално е што советниците од опозициските партии не гласале за усвојување на буџетот.
