Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Избори 2025»Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, секој глас за нас е обврска, кажа Мицкоски
    Избори 2025

    Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, секој глас за нас е обврска, кажа Мицкоски

    02/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа во поголемиот дел општини по вториот круг локални избори.

    „Голема, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ви благодарам мој народе. Ова е заедничка победа. Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина.

    Победивме во Скопје, убедлива победа на Орце. Победивме во Карпош. Победа и во Аеродром и Чучер Сандево. Беше жилава борба, тешка борба со многу предизвици, се одлучуваше во 5 до 12. Знаете дека не заслужува ниту името да му го споменам се обиде да профитира на името на националните и етничките поделби. Не успеа, поразен е. Брвеница останува наш градоначалник. Победивме и во Валандово, Дојран и Крушево, кои досега имаа градочалници на СДСМ. Победивме и во Кочани, нашето Кочани, кое мораме да го издигнеме и поткрепиме. Имаме победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, Чешиново Облешево, Конче, Демир Капија, Пробиштип. Во неколку други се пребројуваат гласовите. Но, морам да признаа една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер. А, таа е од нашето Кичево. Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење, но покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме различни вери и припадности, против оние кои го влечеа градот надоле. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите и во онаа политика која им е потребна на граѓаните. Ова е голем и важен пример колку можеме да постигнеме кога сме обединети. Победи идејата дека Македонија е дом за сите. Драги Кичевчани јас сум со вас, и Кичево мора да биде и во владиниот фокус. Падна митот дека Кичево е нивно или наше, мала или голема општина. Победија Кичевчани. Таа победа е симболична, таа зборува за Македонија што созрева, и народ кој не се плаши да се обедини“, изјави Мицкоски.

    Мицкоски посебно ја истакна победата и во Карпош.

    „Драги пријатели. Помина времето на локални шерифи кои градеа кариера преку манипулации, само политички да преживеат. Тоа време завршува и во скопски Карпош“, изјави Мицкоски.

    „Секој глас е обврска и сериозно му пристапувам“, рече Мицкоски.

    Поврзани вести:

    (Видео) Изборна хроника на Прва Скопска ТВ – 03 ноември

    (Видео) Изборна хроника на Прва Скопска ТВ – 03 ноември

    Молк во штабот на СДСМ, почнаа да се даваат и да се бараат оставки

    Молк во штабот на СДСМ, почнаа да се даваат и да се бараат оставки

    Мицкоски од Кичево: Кога желбата за правда и единство се посилни од криминалот и поделбите, тогаш се испишува историја

    Мицкоски од Кичево: Кога желбата за правда и единство се посилни од криминалот и поделбите, тогаш се испишува историја

    Мицкоски од Скопје оди кон Брвеница и Кичево – ќе ја прославува победата во овие две општини

    Мицкоски од Скопје оди кон Брвеница и Кичево – ќе ја прославува победата во овие две општини

    Венко Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

    Венко Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

    Сотир Лукровски прогласи победа во скопски Карпош

    Сотир Лукровски прогласи победа во скопски Карпош

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    02/10/2026

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    30/09/2026

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    29/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.