Може ли истрагата на аферата од пред некој ден со житото од Агенцијата за стокови резерви да се прошири и на други функционери од периодот 2019 до 2022 година? Првично, органите на прогонот лоцираа кои се осомничените за означувањето на меркантилната пченицата како
неупотреблива. Во акцијата беа уапсени поранешниот министер за земјоделство и шумарство во Владата на СДСМ, Трајан Димовски, како и директор и двајца раководители од Агенцијата за стокови резерви и едно вешто лице.
Неофицијално се дознава дека сепак „отпишаната” пченица била употреблива, па според некои информации завршила на пазарот во соседна Србија. И од ВМРО-ДПМНЕ вчера прашаа каде завршиле 2.000 тони жито и кој профитирал врз грбот на граѓаните?
И јавноста е со истите прашања: Дали неупотребливата пченица била уништена, каде и дали постои соодветна документација за тоа или пак некаде била употребена, односно продадена.
