Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Историски медицински успех: Прва трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром
    Република

    Историски медицински успех: Прва трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром

    27/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретко наследно генетско заболување кое го оштетува бубрежното ткиво и во потешки случаи може да доведе до бубрежна слабост.

    По спроведените детални медицински испитувања била утврдена компатибилност меѓу мајката како донор и детето како примател, при што било потврдено дека таа е соодветен жив дарител. Нејзината одлука му овозможи на детето нова можност за живот и претставува значаен чекор во третманот на пациенти со ретки заболувања.

    „Ова е пример за најдоброто во нашето здравство – стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

    Клековски неодамна ги посети пациентите на кои им беа извршени трансплантации на бубрег на Универзитетската клиника за урологија. Кај двајца пациенти бил трансплантиран бубрег од починат дарител, додека кај третиот била извршена трансплантација од жив дарител.

    Со овие три интервенции, бројот на трансплантации на бубрег на Клиниката за урологија годинава достигна 15, додека во текот на целата 2025 година биле извршени 11 трансплантации.

    Алпортовиот синдром е ретка наследна болест која ги зафаќа бубрезите и може да предизвика нивно постепено откажување, што кај дел од пациентите доведува до потреба од дијализа. Новиот случај покажува дека со навремена дијагностика, прецизна медицинска проценка и соодветна подготовка, трансплантацијата е можна и кај пациенти со ретки генетски заболувања.

    „Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

    Поврзани вести:

    УХМР најавува дожд во северните делови и снег на повисоките планини

    УХМР најавува дожд во северните делови и снег на повисоките планини

    Возачите да бидат внимателни на патиштата низ клисурите и речните долини

    Возачите да бидат внимателни на патиштата низ клисурите и речните долини

    Мицкоски разговараше со Срдановиќ и му ја честиташе изборната победа во Србија

    Мицкоски разговараше со Срдановиќ и му ја честиташе изборната победа во Србија

    Граѓаните да бидат внимателни – силен ветер ќе ја зафати Македонија

    Граѓаните да бидат внимателни – силен ветер ќе ја зафати Македонија

    „Пулс“ пред суд: Одбраната го предложи сопственикот Дејан Јованов како сведок

    „Пулс“ пред суд: Одбраната го предложи сопственикот Дејан Јованов како сведок

    Вкупно 352 бугарски државјани во Македонија гласале на претседателските избори во Бугарија

    Вкупно 352 бугарски државјани во Македонија гласале на претседателските избори во Бугарија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УХМР најавува дожд во северните делови и снег на повисоките планини

    27/10/2026

    Возачите да бидат внимателни на патиштата низ клисурите и речните долини

    27/10/2026

    Мицкоски разговараше со Срдановиќ и му ја честиташе изборната победа во Србија

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.