СВР Штип поднесе кривична пријава против 22-годишниот В.М. од Штип поради сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според информациите од полицискиот билтен, на 23 септември 2026 година, на улицата „Маршал Тито“ во Штип, пријавениот со употреба на физичка сила одзел паричник од едно лице.
Во паричникот имало лични документи и банкарска картичка, која, според пријавеното, подоцна била злоупотребена.
Од МВР информираат дека осомничениот во продажен објект извршил една успешна трансакција со одземената банкарска картичка.
Случајот е документиран од страна на СВР Штип, по што против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
