Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Кинотеката дел од меѓународниот проект „ILMovie“ во рамки на програмата Erasmus+
    Култура

    Кинотеката дел од меѓународниот проект „ILMovie“ во рамки на програмата Erasmus+

    12/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кинотеката на РС Македонија е дел од меѓународниот проект „Vintage Home Film and Video Formats for Intercultural Learning (ILMovie)“, финансиран преку програмата Erasmus+, кој има за цел унапредување на интеркултурното образование и развојот на вештини преку користење архивски аудиовизуелни материјали.

    Покрај Кинотеката, во проектот се вклучени и партнерски организации од Бугарија, Албанија и Црна Гора. Целта е развој на иновативни едукативни ресурси за стручно образование и обука (VET), со фокус на креативната употреба на винтиџ домашни филмски и видео формати – како 8 мм и супер 8 мм ленти, видеокасети и други архивски носачи – како алатки за интеркултурно учење.

    Архивските снимки како мост меѓу културите

    Западен Балкан се одликува со богато мултикултурно наследство и заеднички традиции. Преку дигитализирани домашни филмови и историски аудиовизуелни записи, проектот ќе ги прикаже секојдневниот живот, обичаите и социјалните искуства на различни заедници, нудејќи нова перспектива за разбирање на културната разновидност.

    Во рамките на проектот ќе бидат развиени специјализирани наставни модули, едукативни филмови и онлајн платформа за учење (Learning Management System – LMS), наменети за наставници и обучувачи во стручното образование. Овие материјали ќе овозможат полесна интеграција на интеркултурните теми во образовните програми, со цел поттикнување културна свест, толеранција и активно граѓанство.

    Развој на „меки вештини“ и интеркултурни компетенции

    Една од главните цели на проектот е зајакнување на капацитетите на наставниците и обучувачите за олеснување на интеркултурниот дијалог и развој на таканаречените „меки вештини“ кај младите.

    Истражувањата покажуваат дека интеркултурните компетенции – комуникација, културна писменост, флексибилност и толеранција – се сè повеќе ценети од работодавачите и играат значајна улога во подобрувањето на можностите за вработување.

    Проектот предвидува и обуки за обучувачи, создавање отворена и флексибилна дигитална средина за учење, како и продукција на едукативни филмови базирани на дигитализирани архивски материјали. Ресурсите ќе бидат достапни за центри за стручно образование, архиви, библиотеки и образовни институции во земјава и регионот.

    Со поврзување на културното наследство со современите образовни пристапи, „ILMovie“ има за цел да придонесе за подобрување на квалитетот на стручното образование, зајакнување на интеркултурното разбирање и промоција на европските вредности – разновидност, соработка и активно граѓанство.

    Учеството на Кинотеката дополнително ја потврдува нејзината посветеност кон зачувување и промоција на аудиовизуелното наследство и неговата едукативна и општествена вредност за идните генерации.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Нетфликс ќе отпушти околу 1.000 вработени во најголемо кратење од 2022 година

    15/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.