Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Калифорнија целосно ги забрани детските бракови, кои се уште може да се склучат во 32 држави во САД
    Свет

    Калифорнија целосно ги забрани детските бракови, кои се уште може да се склучат во 32 држави во САД

    01/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Калифорнија стана најновата американска држава што целосно ги забрани детските бракови. Гувернерот Гевин Њусом потпиша закон со кој се утврдува дека брак ќе можат да склучуваат само лица кои наполниле 18 години, а новите правила ќе почнат да важат од 1 јануари.

    Со ова, Калифорнија се приклучува на групата американски држави кои во последните години воведоа целосна забрана на оваа практика, додека во голем дел од САД малолетничките бракови сè уште се дозволени под одредени услови.

    Потпишувањето на законот се одржа во присуство на Кортни Стоден, која стана позната откако на 16-годишна возраст стапи во брак со тогаш 50-годишниот актер Даг Хачисон. Денес таа е една од најгласните активистки против детските бракови и оцени дека новиот закон претставува голема победа за заштитата на децата.

    Поддршка за измените дадоа и други жртви на детски бракови. Британи Би, која како малолетничка стапила во брак за да избега од семејно насилство, изјави дека Калифорнија испратила силна порака дека децата заслужуваат заштита и право сами да ја изберат својата иднина.

    Слично сведоштво сподели и Сара Таснин, која раскажа дека била принудена да се омажи на 15 години за човек речиси двојно постар од неа. Таа истакна дека со години се борела за законски измени и дека е среќна што идните генерации нема да се соочуваат со истата судбина.

    Досега Калифорнија немаше утврдена минимална возраст за склучување брак, па малолетници можеа да се венчаат со согласност од родителите и одобрение од суд. Активистите предупредуваат дека токму ваквата законска рамка оставила многу деца заробени во насилни и принудни бракови.

    Според организацијата „Unchained At Last“, која се залага за искоренување на детските бракови во САД, во Калифорнија годишно биле склучувани околу 9.000 бракови во кои учествувале малолетници, при што во најголем дел станувало збор за девојчиња кои стапувале во брак со возрасни мажи.

    Со новиот закон, државните власти порачаа дека заштитата на децата има предност пред сите досегашни исклучоци и дека од почетокот на 2027 година малолетничките бракови повеќе нема да бидат дозволени во Калифорнија.

    Поврзани вести:

    Пилот со оманско потекло предизвика инцидент на лет на компанијата „Флај Дубаи“ – сакал да го урне авионот во кој се возеле Изреалци

    Пилот со оманско потекло предизвика инцидент на лет на компанијата „Флај Дубаи“ – сакал да го урне авионот во кој се возеле Изреалци

    (Видео) Русија првпат употреби млазен дрон со специјална боева глава за уништување на далноводи

    (Видео) Русија првпат употреби млазен дрон со специјална боева глава за уништување на далноводи

    Израел размислува за зголемена заштита на партиските лидери поради растечки безбедносни закани

    Израел размислува за зголемена заштита на партиските лидери поради растечки безбедносни закани

    Научниците откриваат: Дивите животни активно влијаат врз климатскиот систем

    Научниците откриваат: Дивите животни активно влијаат врз климатскиот систем

    Паника во полската Воена полиција: Пратка од Германија предизвика иритации

    Паника во полската Воена полиција: Пратка од Германија предизвика иритации

    Дете загина, пет лица повредени во руски воздушни напади врз Киев

    Дете загина, пет лица повредени во руски воздушни напади врз Киев

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пилот со оманско потекло предизвика инцидент на лет на компанијата „Флај Дубаи“ – сакал да го урне авионот во кој се возеле Изреалци

    01/10/2026

    (Видео) Русија првпат употреби млазен дрон со специјална боева глава за уништување на далноводи

    01/10/2026

    Израел размислува за зголемена заштита на партиските лидери поради растечки безбедносни закани

    30/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.