Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»ЈП Лајка: Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел
    Скопје

    ЈП Лајка: Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел

    25/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Јавното претпријатие ЛАЈКА алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел. Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од страна на неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат.

    Оваа појава, покрај тоа што претставува суровост кон животните, сериозно го нарушува и јавното здравје, безбедноста на граѓаните, како и функционирањето на објектите од јавен интерес на таа територија. Напуштените кучиња, често нестерилизирани, се размножуваат, гравитираат низ поширокото градско подрачје и го усложнуваат предизвикот на контрола на популацијата на бездомни животни.

    ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните:

    Да не напуштаат животни – тоа е казниво дело согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

    Да пријавуваат вакви случаи до надлежните институции, со можност за доставување видео или фото докази.

    Да се информираат за можностите за вдомување, стерилизација и одговорно сопствеништво.

    Истовремено, ЈП ЛАЈКА во соработка со инспекциските служби ќе ги засили контролите и ќе поднесе пријави против сите лица кои ќе бидат фатени во ваков прекршок.

    Одговорното сопствеништво започнува дома – секое животно заслужува грижа, а не да биде оставено на улица. Само со заедничка одговорност можеме да изградиме хумано и безбедно општество.

    ЈП Лајка

    Поврзани вести:

    ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци

    ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци

    Околу 20.000 посетители на „Карпошово културно лето 2026“

    Околу 20.000 посетители на „Карпошово културно лето 2026“

    Денес почнува пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“, најави Ѓорѓиевски

    Денес почнува пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“, најави Ѓорѓиевски

    Скопје доби нови специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена

    Скопје доби нови специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена

    Карпош ќе аплицира за проширување на капацитетите за згрижување деца

    Карпош ќе аплицира за проширување на капацитетите за згрижување деца

    Делови од Центар денеска без вода, без струја во Аеродром и Илинден

    Делови од Центар денеска без вода, без струја во Аеродром и Илинден

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци

    04/09/2026

    Околу 20.000 посетители на „Карпошово културно лето 2026“

    04/09/2026

    Денес почнува пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“, најави Ѓорѓиевски

    04/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.