Општина Карпош спроведува активности за поставување заштитни столпчиња на пешачките патеки, со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и да се обезбеди непречено движење по јавните површини.
Од Општината информираат дека во текот на вчерашниот ден, заштитни столпчиња се поставени во околината на спортскиот центар „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан) со што се спречува узурпацијата на пешачките површини и нивното користење за непрописно паркирање автомобили.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
